Три лица се повредени во експлозија која се случи денеска во една од зградите во областа Маласана во Мадрид. Се чини дека експлозијата била предизвикана од истекување на гас, што предизвикало пожар.

Најмалку три лица се повредени, потврди локалната полиција за Ројтерс. Мадридската итна помош соопшти дека две лица се полесно повредени, а една жена е хоспитализирана со сериозни изгореници.

„Според првите индиции, експлозијата била предизвикана од истекување на гас“, изјави портпаролот на мадридската полиција.

Многу згради во центарот на Мадрид се стари и дотраени, со запуштена и лоша инфраструктура што често предизвикува несреќи. Претходно оваа недела пукна водоводна цевка и поплави дел од квартот Комилас, а минатата година во експлозија на гас во зграда во областа Ла Латина загинаа четири лица.