Најмалку десет луѓе починаа во поплавите во покраините Шанлиурфи и Адијаман на југоистокот на Турција.

Оваа покраина минатиот месец ја погоди катастрофален земјотрес во кој настрадаа 48.000 луѓе, а милиони се раселени. Илјадници луѓе од тогаш живеат во шатори и контејнери, кои се сега поплавени.

Според видеата на социјалните мрежи поплавата со себе носи автомобили, руши згради, автопати, претвора улици во реки.