Ѕвездата на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми е побрз на 30 метри од Јусеин Болт, но 21-годишниот фудбалер не планира да се префрли на спринтовите.

Адејеми, кој пристигна на „Сигнал Идуна парк“ од Ред бул Салцбург минатото лето, истрчал 3.60 на 30 метри, а во споредба Болт ја помина истата должина за 3.78 кога го сруши светскиот рекорд на 100 метри во 2009 година. Адејеми е сигурен дека е најбрз меѓу фудбалерите, но не би сакал да се обиде со спринтерите на 100 метри на Олимпијадата во Париз следното лето.

„Да, мислам дека сум најбрзиот фудбалер на светот. Сигурен сум во тоа. Дали има некој кој е блиску? Можеби. Но, сигурно не побрз. Не, не можам да одам на Олимпијада, бидејќи сум фокусиран на фудбалот“, вели Адејеми.

Германскиот репрезентативец има 9 гола и 5 асистенции оваа сезона.