Никој не е повреден во пожарот кој вечерва изби во облакодер во Истанбул, соопшти градоначалникот на метрополата Екрем Имамоглу, јави ТАСС.

– Пожарот што избувна во зградата во населбата Кадикој беше ставен под контрола од нашата противпожарна единица. Евакуацијата е извршена без загуби на живот. Причината за пожарот ќе се разјасни по истрагата, соопшти градоначалникот.

Претходно беше соопштено дека пожарот во луксузната станбена зграда од 24 ката започнал на приземје, но набрзо преку надворешната обвивка стигнал и до врвот.