Во болница во Мадрид се бори да остане жива 28-годишната Рима Анан, професорка по француски јазик од Алжир, која на крајот на септември соседот ја запалил жива во обид да ја убие, бидејќи несреќната девојка го одбила предлогот за брак од страна на насилникот.

Сето тоа се случило на 26 септември во едно мало село, многу блиску до главниот град Алжир, кога младата учителка чекала на автобуската постојка за да се качи на автобусот што ќе ја однесе до училиштето во соседното село, каде што работела.

Според роднините на Анан, кои зборувале за француските медиуми, соседот на младата учителка ја полил со бензин, запалил кибрит и ја запалил жива бидејќи го одбила неговиот предлог за брак. Нејзиниот братучед, кој живее во близина на местото каде што се случи инцидентот, за телевизијата Франс 24 изјави дека тој и неговата сопруга го слушнале очајничкиот плач на Рима и притрчале да ѝ помогнат.

„Ме изгоре цела, ми ја запали иднината“, беа првите зборови што ги изговори жртвата. Младата дама била пренесена во локалната клиника, а потоа во локалната болница, каде лекарите констатирале изгореници од трет и четврти степен на поголемиот дел од телото.

Но, бидејќи животот на 28-годишната е во опасност, било оценето дека е неопходно да се префрли во специјализирана болница во странство. Првично, семејството избрало да ја префрли жртвата во болницата „Сент Луис“ во Париз, но болницата барала 316.000 евра за хоспитализација и лекување во текот на 70 дена, барајќи сумата да биде исплатена еднократно. Семејството со помош на организацијата ADM International, која е специјализирана за придружување пациенти во странство, со помалку пари и можност за плаќање на рати најде болница во Мадрид.

Поддршка на социјалните мрежи за несреќната девојка

За да ги плати медицинските трошоци на 28-годишната девојка, нејзиното семејство собира средства во нивната област и на социјалните мрежи. До вечерта на 14 октомври, преку социјалните мрежи семејството собра 36.500 евра од 1.100 корисници, кои сакале да и помогнат на несреќната девојка.

Истиот ден Рима Анан отпатувала со нејзиниот татко во Шпанија и била примена во Универзитетската болница Ла Паз во Мадрид. Братучедот на младата девојка изјавил дека Рима сакала да оди во Франција за да продолжи со студиите, кога човекот што го одбила почнал да и се заканува кога дознал.

Всушност, насилникот често ја следел до училиштето во кое работела жртвата. По нападот на 28-годишната жена, мажот се предал во локалната полициска станица и се уште е во притвор.

На 10 октомври, мајката на жртвата се појави во видео на социјалните мрежи и зборуваше за нападот што го претрпела нејзината ќерка, барајќи помош за лекување и враќање на здравјето на 28-годишната девојка.

Видеото имаше стотици илјади прегледи на Twitter, TikTok и Facebook, додека преку социјалните мрежи семејството освен финансиска помош апелира и за дарување крв. Бранот на поддршка за професорката по француски од Алжир е голема од корисниците со пораки за љубов до семејството додека нејзината состојба засега се смета за критична.