Аргентинската новинарка Софија Мартинез известувала во живо од Светското првенство во Катар кога ѝ пришол катарски милионер и ја поканил во своето луксузно Ламборџини.

Дописничката на ESPN и радио програма Перос де Кале била изненадена од постапката на катарскиот богаташ за време на известувањето.

Имено, во Ламборџинито имало црна кутија со мала верзија на трофејот од Светското првенство со машна на седиштето во автомобилот.

Изненадената новинарка прашала: „За мене ли е?“, а богаташот одговорил: „Да, твое е“.

Потоа ја отворила кутијата и видела мобилен телефон вреден најмалку 1.000 евра. Новинарката го прифатила подарокот, но многумина ја предупредиле дека тоа не требало да го направи бидејќи зад се’ се крие намера на милионерот.