Во текот на ноември, нашата real-time платформа (https://analytics.live) анализираше 200+ Instagram профили во нашата држава во категоријата Showbiz, а ова се првите 3 највисоко рангирани пејачки според бројот на добиените реакции (допаѓања, споделувања и коментари) од публиката, информираат од Пикаса Аналитикс.

Методологија – „Пикаса“ ја користи својата онлајн-платформа аnalytics.live за да следи во реално време повеќе од 1.300 медиуми и илјадници канали на социјалните медиуми во 6 земји од Западен Балкан (Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија и Република Северна Македонија).

Платформата за аналитика ги прикажува медиумските написи заедно со нивната соодветна пенетрација на платформите на социјалните медиуми (Facebook, Instagram, Twitter, YouTube) броејќи ги сите видови активности и реакции (лајкови, споделувања и коментари). 

ТРЕТО МЕСТО: Тамара Тодевска
ВТОРО МЕСТО: Аделина Тахири
ПРВО МЕСТО: Антониа Гиговска