Вељко Беливук водачот на криминалната група во Србија позната по прекарот Веља Невоља се појави пред Специјалниот суд во Белград. Таму му се суди за седум ликвидации и други тешки кривични дела. Беливук пред судот изјави дека е член на СНС на српскиот претседател Александар Вучиќ. Беливук пред судот упати сериозни обвинувања против Вучиќ и српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин.
„Јас сум член на СНС и бев на чело на блокот 45 и 50. Со Александар Станковиќ водев група која служеше за потребите на државата до неговото убиство, по што продолжив да го правам тоа. Направивме разни услуги на државата, како што се спречување на собир, растурање демонстрации, но и уривање на приватни куќи на улицата Херцеговачка“, рече Беливук пред судот, пишува Боснаинфо.
Беливук на почетокот на својата одбрана во Специјалниот суд ги негираше сите кривични дела кои му се ставаат на товар. Тој посочи дека тој и неговиот соработник, исто така еден од водачите на криминалната група, Марко Миљковиќ, вршеле услуги за државата.
Да потсетиме, групата на Беливук и Миљковиќ беше уапсена на почетокот на февруари 2021 година. Се сомнева дека нивната криминална група дејствувала под маската на навивачката група Принципи. Тие се товарат за најтешки кривични дела – убиство, силување, киднапирање, продавање дрога и оружје.
Беливук рече дека по ослободувањето од притвор во 2019 година, имал средба со Александар Видојевиќ, чиј прекар е Аца Рошави. Како што изјави Беливук, Видојевиќ му рекол дека го пратил „газдата“ (се мисли на Александар Вучиќ) и дека треба да се формира навивачка група бидејќи тогаш на југ имало три навивачки групи.
Тогаш Беливук се наврати на инаугурацијата на Вучиќ и рече дека неколку навивачки групи учествувале во обезбедувањето на церемонијата. Тврди дека тие биле задолжени и за делот околу самото Собрание. Беливук нагласи дека бил во контакт со доверливиот човек на Вучиќ, Дарко Глишиќ. Тој изјави дека Глишиќ му рекол дека Видојевиќ ќе биде во контакт со нив и дека е „доверлив човек“. Се сретнале со Видојевиќ, тврди Беливук, но во еден момент се посомневале дека тој не му го пренесува на Вучиќ тоа што му било кажано.
„Видојевиќ често доаѓаше со овие задачи, почнавме да се сомневаме дека не пренесува како што му беше кажано и дека самиот се меша, на што Дарко Глишиќ ми рече дека тоа не е така“, рече Беливук.
Потоа ја спомна наводната средба со Вучиќ. Тој тврди дека средбата се случила во станот на водителката Катарина Шишмановиќ.
„Глишиќ ми кажа дека знаат дека добро работам и дека информациите ги имаат преку мојот сосед Шишмановиќ, кој е добар пријател со газдата. Вучиќ, Миљковиќ и јас го видовме, рече дека не е добро да видиме еден со друг често и дека Александар Вулин треба да биде во контакт со нас. Марко си го презеде тоа, го познавав од сплавовите, кога дојде видно пијан“, изјави Беливук во судот.
Беливук пред судот истакна дека не сака да соработува со Вулин. Како што тврди знаел дека се дрогира.
“Знам дека се дрогира, вие самите видовте како кучето на граница веднаш скока врз него. Долго време работев на сплавови и знам како изгледа кога некој се дрогира”, рекол Беливук пред судот.
Be the first to write a comment.