Без никакво известување за гледачите, популарното музичко натпреварување за пејачи ветерани не се емитува вечерва на фреквенцијата на Канал 5 телевизија, објави специјализираниот сајт ТВ ПАКЕТ.

За разлика од Македонија, новата емисија на „Никогаше не е доцна“ тековно се прикажува денес на Прва (Србија), Нова БХ (Босна и Херцеговина) и ТВ Вијести (Црна Гора).

Наместо премиерната нова емисија од ова забавно шоу, на Канал 5 во недела навечер се емитуваат репризи од турска серија.

Дали воопшто ќе продолжат емисиите на United Media на оваа телевизија, останува да видиме наредниот период.