Потрагата по 50-годишниот чешки државјанин по кој се трагаше на морето во Хрватска е прекината, бидејќи исчезнатиот контактирал со членовите на неговото семејство, извести сплитската полиција, пренесува вечерва Индекс.хр.
За потсетување, денеска во Полициската станица Макарска е дојавена пријава за исчезнување на 50-годишен државјанин на Чешка кој околу 17 часот бил забележан на црвена даска за сурфање на ветер кај местото Брела, Пунта рата, на оддалеченост од околу 100 метри од брегот, по што му се изгубила трагата.
– Веднаш по пријавата преземени се мерки за претрес во кои се вклучени полициски службеници од Полициската станица Макарска, Поморската полициска станица, Капетанијата на пристаништата и Националниот центар за пребарување и спасување, соопштија претходно од полицијата.
Be the first to write a comment.