Страшен пожар избувна околу 3 часот по полноќ на хрватскиот остров Паг, на плажата Зрќе кај Новаља.

Затворен е и патот, а хрватските медиуми информираат дека извршена е евакуација на ноќните клубови.

Пожарникарите се на терен, а во гаснењето на пожарот помага и авион канадер.

На терен излегле повеќе од 40 пожарникари со четири возила. Последните информации велат дека пред утрото пожарот е ставен под контрола, пожарникарите се уште се на терен и го обезбедуваат просторот.

📸

📸

📸

📸

📸

📸