Боровата шума до плажата Зрче на Паг во Хрватска гореше утринава од четири до седум часот.

Неколку илјади посетители на клубовите таму се евакуирани, нема повредени, а пожарот е под контрола благодарение на акцијата на пожарникарите, информираа од противпожарната команда.

Во текот на ноќта, покрај евакуацијата на илјадници гости на околу 200 автомобили мораше да се отстранат од паркингот, за да им се овозможи на пожарникарите да пристапат до запалената борова шума и да спречат автомобил да се запали и да предизвика верижна реакција на пожари и експлозии во други автомобили.

Маја Брозичевиќ, портпаролка на полициската управа на Личко-сењската жупанија, изјави дека на терен се уште има 33 пожарникари и 14 полицајци, кои работат на безбедно евакуирање на луѓето од клубовите на плажата и потврди дека се поминало без какви било повреди.Според полициската проценка, опожарени се пет хектари борова шума, ниска вегетација и тревна површина.

Причината за пожарот ќе ја утврдува истрага на местото на настанот, а бидејќи таму се уште тлее, а областа чади, ќе започне кога пожарот целосно ќе се изгасне.

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸