49-годишен грчки војник кој служел во единицата во Ксанти, ненадејно починалк во кампот, за време на обука. Станува збор за војник на кого од лекарот на Единицата веднаш му била укажана прва помош. Потоа бил префрлен во Општата болница во Ксанти, но поради влошување на неговата здравствена состојба било оценето дека е потребно да биде префрлен во Општата болница во Кавала каде и починал.

– ГШ на Армијата соопштува дека во попладневните часови во четврток, 30.03.2023 година, војникот А.А., на возраст од 49 години, кој служел во единицата Ксанти, изгубил свест додека бил внатре во кампот, објавија грчките медиуми.

Веднаш му била укажана прва помош од лекар на Одделението и веднаш бил пренесен во придружба на медицински персонал во Општата болница Ксанти, а потоа поради влошување на неговата здравствена состојба било оценето дека е потребно да биде префрлен во Општата болница Кавала, каде починал во утринските часови денеска.

– Причините за трагедијатасе истражуваат. Генералштабот на Армијата изразува искрено сочувство до неговите блиски, се вели во соопштението на грчкиот ГШ.