Сабрина Лекај (20), студентка со потекло од Албанија, беше пронајдена мртва во јули 2019 година на предното седиште во „Мерцедес бенц“ во Австралија.

Била избодена, а автомобилот бил на само 250 метри од нејзината куќа. Кога беше откриена страшната вистина, сите беа шокирани. Сабрина била убиена од нејзиниот татко во напад на бес.

Осудениот дилер на дрога Петрит Лекај (49) ја задавил и избодел Сабрина Лекај осум пати во паркот Кидман, Аделаида. Таа починала на лице место. Судијата на Врховниот суд Триш Кели го осуди на доживотен затвор со задолжителна минимална казна од 20 години без условна слобода.

Како што подоцна изјавил, ја убил ќерка си бидејќи дознал дека се дрогира.

Вознемирувачкиот телефонски разговор меѓу полицијата и таткото-убиец, кој се случил само неколку моменти откако тој ја избодел до смрт својата ќерка студентка по медицина. Врховниот суд на Јужна Австралија, исто така, објави аудио снимка од полицијата додека се обидувала да го пронајде Лекај кога добија извештаи дека неговата ќерка е избодена со нож.

„Можете ли да ми кажете што се случи? Можеби ќе дојдеме до вашата ќерка и ќе ѝ помогнеме“, се слуша како вели полицаецот на видеото.

„Не, отиде… мртва е“, одговара Лекај.

На судот му било кажано дека таткото спакувал кујнски нож од шест инчи и сакал да се соочи со својата ќерка за нејзината забава и употреба на дрога.

Како што подоцна се дознало, ноќта пред убиството, Сабрина се забавувала со пријателите во ноќен клуб каде навистина земала кокаин, екстази и ксанакс.

Лекај рече дека имал намера само да ја исплаши, но „пукнал“ кога 20-годишната девојка рекла дека не се грижи за „жртвувањата што ги направил за да и даде подобар живот“. Во полицискиот разговор снимен во установа за ментално здравје, Лекај признал дека ја убил својата единствена ќерка. Запрашан зошто Сабрина била пронајдена со убодни рани по целото торзо, таткото на две деца шепнал: „Јас го направив тоа“.

– Почнав да ја бодам, седев на првото (возачкото) седиште“. А потоа отидов до задниот дел од автомобилот… и го направив останатото. Продолжив да бодам… таа удираше, удираше по вратата и прозорецот. Откако не можеше да мрда, се избодев со нож, зошто ја убив, зошто го направив тоа? Расправијата беше како јас направив сѐ за неа, се обидов да направам сѐ за неа, како може таа да го направи ова… се однесуваше страшно – изјави Лекај во полиција.

– Мојата намера… мојата намера беше да ја исплашам. Нешто ми навлезе, не знам, не можам да објаснам. Никогаш немав намера ова да го сторам, само се обидов да ја исплашам. Ужасно е да се помисли што направив. Го направи тоа… Посакувам да не бев тука – како што објавија медиумите, а на видеото се гледа дека се кае за тоа што го направил.