Еден војник смртно настрада, а друг е ранет во денешното пукање во касарна во близина на Виена, соопшти австриското Министерство за одбрана.

„Убиен е стражар, додека еден војник е ранет во пукањето што се случи утрово во 7 часот во касарната Винер Нојштад кај Виена“, твитна Михаел Бауер, портпарол на војската на Австрија.

Полицијата почна истрага во врска со инцидентот. Како што пренесува австриската новинска агенција АПА, на пукањето му претходела расправија меѓу војниците.