Повеќе од 40 училишта, градинки и болници во Керч на Крим се евакуирани поради дојава за поставена бомба, изјави за Тасс градоначалникот на Крим, Свјатослав Брушаков.

„До осум часот утринава евакуирани се 20 училишта, 20 градинки и четири болници и во тек се проверки“, рече тој.

Пред неколку дена беше урнат мостот кој ги поврзува Крим и Русија.