ХРВАТСКА- Според хрватските медиуми, постои сомневање дека е убиена 20-годишна девојка, а 24-годишник е под надзор на полициски службеници.
Хрватската полиција утринава соопшти дека ноќеска неколку минути по полноќ добиле пријава за обид за самоубиство од страна на момче (24 години), а откако пристигнале на местото на настанот пронашле тело на девојче родено 2002 година, односно на 20 годишна возраст.
Неофицијално, според хрватските медиуми, се сомнева дека е убиена 20-годишна девојка, а 24-годишникот кој се поврзува со ова дело е под надзор на полициски службеници.
Повеќе информации ќе бидат познати по увидот и криминалистичката истрага кои се во тек, по што полицијата ќе излезе со соопштение за медиумите, информираат од полицијата.
Be the first to write a comment.