Во сообраќајна несреќа утрово животот го загуби српската мисица Мирјана Стојановиќ (34), кога на патот Прхово – Шимановци со автомобил „голф“ се судри со камион.

Од повредите здобиени при судирот со камионот починала на лице место.

Според Телеграф, Мирјана била Мис фотогеничност и финалистка на изборот за Мис на Србија во 2007 година.

Сопственичката на агенцијата „Мис Ју“ Миланка Ѓорѓевиќ на социјалните мрежи се прости од неа:

– Нашата драга Мира, финалистката на изборите „Мис на Србија“ 2007 и „Мис фотогенична“, денеска трагично го загуби животот и не напушти. Сочувство до семејството, напиша Миланка покрај фотографија од несреќната девојка.