Синоќа заврши третиот круг од популарното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ кое покрај гласовните перформанси на кандидатите, привлекува внимание и по храбрите и егзебиционистички стајлинзи на некои од натпреваруваќките, кои често знаат да бидат и претерано провокативни.

Ако пред неколку недели вниманието на целокупната јавност го привлече нашата кандиатка Милица Ризо Трајков (18) која во шокантно издание се појави на сцената, синоќа за тоа беше задолжена 20 годишната Викторија Лучиќ од Белград, која ги собра сите погледи.

Имено, таа се појави пред милионскиот аудиториум во креиран (посебно за оваа прилика) син костим, кој посебно беше отворен во делот на меѓуножјето. Со пеењето младата Викторија не воодушеви премногу, но сепак обезбеди пласман во баражот од каде што со одлука на директорот на Гранд Саша Поповиќ се пласираше во следниот четврти круг.

На прашањето на жири кој е задолжен за ваквиот нејзин изглед, Викторија рече дека сетоа тоа е креација, на како што таа го нарече „Урош Офишл“.

За какво издание всушност станува збор, погледнете на фотографиите подоле:

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸