Полицијата од Драч информира дека 10-годишно дете случајно паднало од балкон на третиот кат во хотел во овој албански град.

Немилиот настан е регистриран доцна синоќа околу 22:50 часот, кај „Карпата кај Каваја“ во Драч.

Од полицијата соопштуваат дека детето во тешка состојба е пренесено во болница.

Истражна екипа излегла на местото на настанот и надлежните органи работат на расветлување на околностите на настанот.