Хрватските ученици кои до смрт претепаа професор, добија по 2-3 години затвор.

Во Жупанискиот суд во градот Вараждин денеска е изречена пресудата за случајот „Културана“. Станува збор за ученици кои претепаа професор од средно училиште, кој подоцна почина од повредите, јавуваат локалните медиуми.

Ивор Вујасиновиќ, Доминик Жнидариќ, Асја Горски и Иван Горски првично беа обвинети за смртоносните повреди од кои почина нивниот професор Нино Ченгиќ. Мотив за грозоморниот напад било тоа што професорот ги пријавил учениците дека не ги почитуваат анти епидемиските мерки.

Ивор Вујасиновиќ, Асја Горски, Иван Горски и Доминик Жнидариќ се прогласени за виновни за кривичното дело нанесување тешка телесна повреда во обид врз Нинo Ченгиќ.

Ивор Вујасиновиќ доби три години затвор, Асја Горски две години и шест месеци затвор, Иван Горски две години затвор и Доминик Жнидариќ една година и осум месеци затвор.

Тие првично беа обвинети за „тешко убиство“, кривично дело за кое се предвидени најмалку десет години затвор, но во текот на постапката делото е преквалификувано како „нанесување тешки повреди со смртни последици“. Учениците го собориле на земја професорот, го удирале со раце, нозе и дрвена палка, како одмазда затоа што професорот претходно повикал полиција и ги пријавил дека не ги почитуваат епидемиолошките мерки.

Откако полицајците, на кои не им ја отвориле вратата, си отишле, пријавените веднаш излегле од просториите на здружението, а првообвинетиот Вујасиновиќ со тупаница во главата го соборил Ченгиќ на земја и продолжил да го удира со раце и со нозе, како и со дрвена палка, заедно со останатите обвинети. Судот наведува дека според доказите, ударите не биле смртоносни.

Во соседна Србија професорите го кренаа гласот и бараат помош од државата затоа што учениците ги малтретираат. Во Трстеник дајца ученици се избркани од училиште откако го тргнаа столчето на професорката, по што таа падна.