Хадис Наџафи, 20-годишна девојка, е убиена поради протест по повод отстранувањето на хиџабот.
„Хадис Наџафи е убиена во Иран. Шест куршуми во градите, лицето и вратот. Имаше 20 години и излезе на протест поради убиството на Махса Амини. Вчера си ја врза косата и храбро ја започна борбата против дискриминацијата, угнетувањето и загрозување на жените. Денес е убиена“, напиша новинарката Масих Алинеџад.
Хадис Наџафи која беше убиена од иранските безбедносни сили, стана нов симбол на трагедијата, изливот на тага и пркос што ги карактеризира националните протести во Иран кои започнаа на 16 септември.
Новинарката и застапничка за правата на жените, Масих Алинеџад, ја објави веста за смртта на Хадит, објавувајќи го нејзиното име и видео, заедно со детали за трагедијата: Вооружените сили ја застрелаа оваа девојка шест пати откако таа ја врза косата и храбро зачекори среде протестите во Карај.
This 20 Yr old girl who was getting ready to join the protest against the murdering of #MahsaAmini got killed by 6 bullets.#HadisNajafi, 20، was shot in the chest, face and neck by Islamic Republic’s security forces.
Be our voice.#مهسا_امینیpic.twitter.com/NnJX6kufNW— Masih Alinejad 🏳️ (@AlinejadMasih) September 25, 2022
Be the first to write a comment.