Вооружен маж уби најмалку 13 луѓе, а повреди 20 деца во училиште во Русија

Вооружен маж отвори оган и уби најмалку 13 лица. Меѓу жртвите седум се деца…… Маскарот во градот Ижевск, според руските медиуми, најверојатно го извршил поранешен ученик, идентитфикуван како Артем Казанцев. Користел два пиштола, повредил најмалку 20 лица, по што си пресудил.

„Напаѓачот се самоубил. Во моментов е констатирано дека носел црна маица со нацистички симболи и капа. Со него немало никакви документи, моментално се утврдуваат податоци за неговиот идентитет. “-Светлана Петренко, Истражен комитет на Русија.

Персоналот и учениците се евакуирани од училишните згради. Според руските власти, меѓу жртвите се и двајца чувари и двајца учители. Руските медиуми објавија траорни снимки. На една од нив се гледа како соученик од класот ја известува својата мајка за хоророт во кој се слуша пукањето, додека тој е сокриен под клупа и ги слуша истрелите.

Локалниот гувернер потврди дека напаѓачот упаднал во училиштето откако прво убил еден од стражарите, неселективно пукајќи првенствено во деца.

„Видов како децата викаат по соучениците, други неможат д апоминат, многу наставници плачат. оопшто не разбирам што се случи.“- Јулија Нуриева, очевидец.

Ижевске град со околу 650.000 жители, се наоѓа на околу 1200 километри источно од престолнината Москва и важи за исклучително мирно место.

„Во Ижевск има фабрика за оружје, таму се произведува и „Калашников“. Тој е прилично голем град и е главен на Муртија. Важи за тивко место и вакво нешто таму никогаш порано не се случило.“- Сергеј Горјашко, новинар.

Рускиот претседател Путин нападот го нарече нехуман терористички напад.

Со црвена боја е испишан зборот „омраза“

Руската полиција соопшти дека Артем Казанцев, напаѓачот кој уби најмалку 15 лица, меѓу кои 11 деца, напишал „омраза“ на пиштолот со кој ги убивал жртвите во училиштето во Ичевск денеска.

„Истражителите на Рускиот истражен комитет го утврдија идентитетот на напаѓачот на училиштето во Ижевск. Станува збор за Артем Казанцев, роден 1988 година, родум од градот Ижевск, кој завршил во ова училиште… Се проучува личноста на напаѓачот, неговите ставови и околината. Се проверува неговото приврзаност до неофашистичките ставови и нацистичката идеологија“, велат тие.

Човекот кој во понеделникот наутро го нападна училиштето во Ижевск носел два пиштоли и голем број шаржери за нив, како што може да се види на видеото што го објави Истражниот комитет на Руската Федерација.

Видеото покажува најмалку два пиштоли. Напаѓачот подготвил 10-тина рамки со куршуми калибар 9 мм. На нив со црвена боја е испишан зборот „омраза“.

-Напаѓачот се самоубил. Носеше црна облека, црна фантомка и имаше кукаст крст на градите – нацистички симбол, соопшти денеска Руската истражна комисија.

Рускиот пратеник Александар Кинштајн изјави дека напаѓачот бил вооружен со два несмртоносни пиштоли кои биле модифицирани за да пука со боева муниција.

Според локалната полиција, лицето кое го извршило нападот припаѓало на неофашистичка организација или група.