Полицијата го уапси Вељко Тришиќ, работник на бензинска пумпа од видео снимката на Младен Дулиќ (22) од Лакташи (Република Српска, БиХ), кој се самоуби.
Изворите додаваат дека Тришиќ во моментов е под кривична истрага. „Независне“ дознава дека Тришиќ е осомничен за неовластено снимање.
Да потсетиме, Младен Дулиќ, младото момче од Лакташи, се самоуби откако, како што е наведено на социјалните мрежи, не можел да го поднесе притисокот на јавноста поради потсмевот кој го претрпел на интервју за работа.
Како што пишуваат тамошните медиуми, работникот на бензинската пумпа „Глигиќ“ од Лакташи се исмејувал на дваесет и двегодишниот млад човек кој побарал од него да пополни формулар за „пријава за работа“.
Сите имаат само пофални зборови за Младен. Соседите велат дека ги сакал луѓето и никогаш никого не повредил.
-Беше вреден, работеше, исто како и неговите родители. Не го заслужија ова – вели Боро, пренесува Српскаинфо.
Телото на Младен го пронашол неговиот татко откако се вратил од работа. Таткото се вратил дома со велосипед и видел дека вратата од просторијата за пушење е отворена, но прво не се посомневал во ништо, вели добро информиран соговорник на Српскаинфо.
Набрзо го забележал безживотното тело на неговиот син.
Be the first to write a comment.