Цените на лежалките и чадори за сонце често знаат да ги изненадат туристите кога одат на плажа.
Најдобар начин да го организирате вашиот одмор е да подготвите буџет за сите непредвидени трошоци со тоа што ќе дознаете за цените на сместувањето, храната или лежалките. Фотографија од табла со цените на чадорите и лежалките во Црна Гора, која беше објавена на социјалните мрежи, не престанува да предизвикува лавина од коментари.
На таблата пишува: Ред на плажата (ценовник на лежалки) – обични лежалки (25 евра сет), дрвени лежалки (35 евра сет), гарнитури (30 евра сет), кружна софа (40 евра), балдахини (80 евра), една лежалка без чадор (10 евра).
Повеќето туристи под фотографијата коментираа дека овие цени се високи, а некои летувалишта не наплаќаат дополнително за овие неопходни работи за плажа. Некои забележаа и значителни поскапувања во однос на претходната година.
„Сè што е наведено е бесплатно на многу дестинации, но има места во Грција и Турција каде што се плаќа. Сепак, ова е неверојатна цена“, се вели во еден коментар.
Be the first to write a comment.