Пејачот од популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Енвер Мики Колашинац е убиен во Холандија, објавија вечерва српските медиуми.

Како што дознава Информер.рс, во Холандија е убиен Енвер Мики Колашинац од Нови Пазар, а во него пукал непознат напаѓач. Според некои медиуми, новопазарецот бил убиен во „сачекуша“. Веста за убиството ја потврди и неговото семејство.

Според неофицијални информации од тамошните медиуми, непознатиот сторител го чекал во раните утрински часови, а потоа со неколку истрели го убил Колашинац.

Колашинац живеел во Нови Пазар, а повремено престојувал и во Холандија и Австрија.

– Брате мој, ја примив веста дека прерано нè напушти, дека те убиле проклетниците. Мојата душа е скршена. Ме остави, но засекогаш ќе бидеш во моето срце. Сега си на оној свет со нашиот татко – напишала Аиша, сестрата на убиениот.

Како што дознава Информер.рс, Колашинац учествувал на познатиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“. Имаше дури и снимена песна и спот, погледнете го видеото подолу.