На денешен ден пред 11 години после многу долга и тешка операција Jota Gjorgji, Radomir Gelevski и Влатко ме вратија од мртви, кај што бев ради лекарска грешка на еден идиот кој се уште работи во Клиника.

Тогаш сфатив дека животот е прекраток да ги трошиш минутите на секирации за секакви глупости и да си правиш стресови одново секој ден за истите проблеми. Не. Животот е убав. Решив да не се замарам со ништо.

Решив дека мојата среќа ми е приоритет, решив да живеам со zero bull shit tolerance, да се сакам себе уште повеќе и да тргнам по патот што јас ќе си го одберам. Решив да си го ценам времето, да не седам ни минута на место каде не сум среќна, да не пијам ни вода со секого, а не па кафе, да ги гледам само тие што ме сакаат и ме почитуваат, другите да ми се комплетно небитни.

И мислам дека ми беше добар списокот бидејќи денес сум многу посреќна од порано. Јота, Лале, Влатче 🥂 фала за се ❤

(ФБ сттаус на Ина Многуфина)