Ја загуби битката со ракот кој повторно се појави, откако за прв пат кошаркарот излезе како победник во борбата со злобната болест.

Грчката кошарка е во жалост откако пристигнаа трагични вести дека на само 29 години почина Александрос Варитимијадис, поранешен кошаркар на ПАОК, Филипо Вериас и Трикала во грчката кошаркарска лига.

Покрај во грчкото првенство, Варитимијадис се натпреваруваше и во Шведска каде настапуваше за кошаркарскиот клуб Умеа, додека негов последен клуб беше австриски Дорнбирн, чиј член беше од 2020 година.

Варитимијадис на само 17 години дебитираше за ПАОК.