Вчеравечер во локал на улицата „Ќурчиска“ во Скопската чаршија, девојка од кумановско загинала од струен удар, откако излегла од базен и допрела полнач за мобилен телефон, соопшти МВР.

„На 22.07.2022 во 00.11 часот во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Ќурчиска” починала Љ.С.(22) од кумановско. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Љ.С. за време на приватна забава, откако излегла од базен, го зела телефонот кој бил приклучен на полнач, по што паднала на земја, а во објектот снемало електрична енергија“, се вели во полициското соопштение.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција, додаваат од полицијата.