Полициски службеници од Полициска станица Центар при СВР Скопје го привеле С.А.(48) од Скопје, откако синоќа во катна гаража во близина на трговски центар на подрачјето на Центар оштетил 18 патнички возила.
Како што информира МВР, од страна на полициски службеници веднаш е излезено на местото на настанот и по преземени мерки било констатирано дека станува збор за оштетување на 18 патнички возила коишто биле паркирани во катната гаража. според информациите од портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска.
„Извршен бил увид од страна на увидна екипа, а по дополнителни мерки утврден е сторителот кој ги извршил оштетувањата, кој бил приведен во полициска станица и со него бил извршен службен разговор.
За случајот е известен Јавен обвинител по чии насоки делото е класифицирано по чл.243 од Кривичниот законик и се гони по приватна тужба, а од страна на МВР ќе се преземат сите неопходни активности за документирање на делото“, се вели во соопштението на МВР.
Be the first to write a comment.