Вчера околу 15.15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на плажа пред хотел на охридското крајбрежје, од водите на Охридското Езеро бил извлечен Р.М.(77) од селото Пласница, Македонски Брод.
По извршена реанимација, од страна на Итна медицинска помош кај лицето била констатирана смрт, без траги на насилство. – соопшти СВР Охрид.
По наредба на Јавен обвинител, телото е предадено на семејството.
Be the first to write a comment.