Денеска (1 август) во 16:50 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, во месноста “Стрезимирски мост”, патничко возило “рено”, со германски национални ознаки, излетало од коловозот, информираат од СВР Тетово.

На местото на несреќата, првично, починале 3 лица (две машки и едно женско), додека едно повредено женско лице е пренесено во гостиварската Општа болница “Ферид Мурад” за укажување на лекарска помош.

Екипи на СВР Тетово се веќе на лице место и наскоро ќе започне увид што ќе го води Јавен обвинител и во кој ќе учествува и екипа од ОВР Гостивар.