Возило се преврте во реката Радика, а според неофицијални информации има три загинати лица.

Како што дознава КУРИР од очевидци на несреќата, на патот Маврово-Дебар се случила сообраќајна несреќа.

На мостот под хотел Трница попладнево, возило се преврте во Радика. Според очевидци, има загинати лица.

КУРИР побара детали од МВР за оваа трагедија, а истите веднаш ќе ги објавиме откако ќе ги добиеме.