Маж од Србија се удавил во Грција додека се обидувал да ја извлече на брегот својата внука која морската струја ја носела на душек. Информацијата е објавена на Фејсбук страницата „Во живо од Грција“ со предупредување, но и апел до туристите за опасностите кои демнат во одморалиштата.

Потсетувајќи дека имало слични случаи и минатата година, туристите се предупредуваат дека кога има ветер и малку бранови, малите деца да не бидат сами на душеците, ниту пак да се грижат за нив родителите или бабите и дедовците кои не знаат да пливаат.

Исто така, на Фејсбук страницата „Во живо од Грција“ објавени се и други немили случаи кои се случиле вчера.

-Дедото од Србија почина вчер, беше објавено на Фејсбук страницата „Во живо од Грција“.

Според сајтот, дедото од Белград, за кој се претпоставува дека има околу 70 години, се удавил во одморалиштето Неа Пори.