„Сцената беше ужасна. Кога сфативме што се случи, луѓето почнаа да трчаат надвор“…

Со овие зборови сведочи за „Блиц“ еден од очевидците на трагедијата на трибината пред почетокот на хокеарскиот натпревар во салата „Александар Николиќ“ во Белград (поранешна ПИОНИР).

Како што објавија српските медиуми, мажот (60) починал половина час пред почетокот на натпреварот.

– Човекот беше на трибините и почина пред почетокот на натпреварот, околу 17 часот. Тогаш почна загревањето – изјави за „Блиц“ еден од очевидците.

Според него, кога дознале што се случило, трибините биле испразнети.

– Сцената беше ужасна. Кога сфативме што се случи, луѓето почнаа да трчаат надвор. Ги испразнија трибините. Играчите не излегоа на теренот. Цело време седеа во соблекувалната и чекаа нови информации, а потоа рекоа дека натпреварот е одложен – додава тој.

Телото на мажот се уште е на трибината.

– Ова е човек кој доаѓал на секој натпревар, а понекогаш и на тренинзи – додава сведокот на трагедијата во салата во Белград.