Во лифт на зграда во косовскиот град Пеќ загина 54-годишен маж.

Шкодран Никќи, портпаролот на Обвинителството во Пеќ, соопшти дека според првичните информации, сомнежите се дека жртвата го поправала лифтот.

– Лице на околу 50 години, сопственик на станбен блок, се обидело да го поправи лифтот, поради дефект, но под се уште неразјаснети околности лифтот почнал да се движи и како последица на тоа жртвата го загубила животот – рече Никќи.

Обвинителството во Пеќ соопшти дека на терен се сите релевантни екипи, меѓу кои пожарникари, итната помош и службата за лифт, кои успеале да го извадат телото на жртвата.