Пејачот и клавијатурист од југот на Србија, Далибор И. (41) е пронајден мртoв по новогодишната прослава. Според неофицијални информации, тој свирел во локален ресторан и после тоа, се сомневаат дека се самоубил. Како што дознава српски Информер, Далибор по свирката се обесил.
Неговиот син Д.И.(21) денеска за Информер.рс потврди дека неговиот татко се самоубил.
– Ништо не укажуваше дека би го направил тоа. Погребан е на гробиштата во Пирот – изјавил обземен од болка синот на пејачката.
– Имаше семејство, беа среќни. Едноставно не можам да верувам дека се случило вакво нешто. Сите сме во шок, ние како пријатели, колеги, семејството не можеме ни да замислиме како е – вели еден пријател.
– Никој од пријателите и колегите на музичарот не можеше да помисли тој да си го одземе животот. Пријателите се убедени дека живеел нормален, скромен живот и дека бил задоволен од тоа – велат за српските медиуми.
Со голема болка и тага се простуваат од музичарот на социјалните мрежи.
– Јас сум без зборови. Почивај во мир, ангелите да те чуваат брат мој. Да те изгубам првенствено како личност и пријател е голема загуба. Пријателе и брат мој, ангелите да те чуваат, почивај во мир!
– Најди го својот мир и почивај во него, драг наша, секогаш ќе те паметам по твојата веселост и насмевка, прерано си замина од овој свет. Нема зборови на утеха кога најблиските си заминуваат!
– Зошто брате?
Be the first to write a comment.