Познаник на монструмот Горан Кнежевиќ (43), кој пред два дена во Загреб уби едноиполгодишно бебе и тешко ја повреди поранешната сопруга (41), изјавил дека Кнежевиќ завршил така како што живеел.
Да потсетиме, Кнежевиќ по страшното злосторство побегна, а заврши на обиколницата каде загина во сообраќајна несреќа, поточно се фрлил под камион. Оние кои го познаваа се згрозени, но не и изненадени од неговиот чин.
– Обичен силеџија, празна глава, чаура . Кога го гледав во кафулето, секогаш кажуваше на кого би сакал да му скрши глава, кого би сакал да тепа. Сите беа криви, само тој бешее праведен – изјави за „Дневник.хр“ негов познаник.
Се вели дека се занимавал со препродажба на половни автомобили во Германија.
– Немаше нешто што не направи. Рабоеше со автомобили во Германија, но сите знаеме што всушност правел. Сигурно и сега бил под дејство на кокаин. Постојано возеше пијан и издрогиран, како е можно полицијата никогаш да не го фатила – раскажал познаникот.
Според него, Кнежевиќ немал карактер и ги искористувал луѓето.
– Ги правеше будали луѓето. Еднаш позајми автомобил од пријател. Направил целосна штета, а потоа не сакал ни да го врати. Неговиот пријател морал да го пријави во полиција за да ја врати колата – истакнува негов познаник и додава:
– Неколку пати беше во притвор поради сопругата. Штом го пуштиле да излезе, тој се враќал кај неа. Имаше периоди кога беа во нормална врска, тој и ја средуваше куќата, а потоа повторно „колење“. Ќе ја тепаше, таа ќе го пријавуваше, а кога ќе излезеше се беше по старо, пренесува Дневник.хр.
Be the first to write a comment.