Роденденската прослава се претвори во трагедија кај Лакташи, Република Српска, Босна и Херцеговина. Петгодишно девојче кое било на прославата заедно со родителите се удавило во импровизиран базен на излетничкото место во Јаружани, јавува Српскаинфо.

Девојчето за момент залутало и за жал никој навреме не забележал дека ја нема. Брзата помош можела само да констатира смрт по пристигнувањето.

Сите ја барале

Еден сведок рече дека имало многу луѓе на роденденската забава и дека сите биле сместени во куќа покрај реката.

– Сите бевме таму во близина, а во еден момент имаше само врева и слушнав дека бараат некого. Некој рече дека девојчето го нема и сите тргнаа да го бараат. Еден човек истрча до каде што се кучињата, за да види дали можеби не залутала таму, но ја немало. Други трчаа кон шумата, а некои до блиската стаклена градина.

Тргнале да го повикуваат девојчето по име, но таа не одговарала. Во паника сите ја барале, но немало успех.

-Сопственикот на излетничкото место потоа истрча до тој импровизиран базен, подигна една рачка и така почна да ја испушта водата од базенот. Луѓето како да почувствуваа нешто, па повеќето веднаш истрчаа кон базенот – изјави еден од сведоците за Српскаинфо.

Не е јасно како не ја забележале

Кога истекла дел од водата, телото на девојчето се појавило среде базенот. Сведокот рече дека девојчето најверојатно поминала околу четири до пет минути во базенот и дека поради тоа не била спасена, а никој не ја забележал бидејќи водата била нечиста и полна со лисја.

– На никого не му е јасно како не ја забележале кога влегла во водата, бидејќи сите биле многу блиску до тој базен. Се случи голема трагедија и мислам дека никој не е виновен, сето тоа се случи за неколку минути. Откако го извлекле телото, една жена ги нашла сандалите на девојчето во близина на тој базен, па претпоставуваме дека ги соблекла чевлите и сама влегла во базенот.

– Две ноќи не можам да спијам. Сите сме многу вознемирени, ова е најлошото нешто што човек може да го види во животот. Морав да земам лекови за смирување за да се смирам од шокот. Не можам да престанам да размислувам за нив и како се сега. Се надевам дека ќе успеат да се опорават од оваа трагедија. Имаат уште две мали деца и се надевам дека поради нив ќе бидат силни – додава сведокот за Српскаинфо.