Британка загина, а нејзиниот сопруг е тешко повреден по несреќа со брод. 45-годишната Ана Капуано била во глисер кој во четвртокот во 13.30 часот удрил во друг пловен објект (морско такси) крај брегот на Мармарис, Турција.
Во несреќата се повредени уште четири лица, а меѓу нив бил и сопругот на починатата кој е во критична состојба на интензивна нега во близина на одморалиштето каде што престојувале.
Капетанот на морското такси (22) и двајца негови сопатници се здобиле со полесни повреди. Несреќата била забележана од камерата, а сликите покажуваат значителна штета на глисерот на кој се наоѓала двојката.
Една 44-годишна жена од Лондон која била на одмор во Мармарис синоќа за „Сан“ зијави: „Тоа беше страшна несреќа и многу луѓе што ја видоа останаа шок“.
– Некои од повредените беа во ужасна состојба, а мртвата жена беше изнесена на брегот во вреќа за тело – очигледно немаше шанса. Морето беше малку хаотично со толку многу глисери и чамци се движеа наоколу, но никој не го очекуваше ова. Постоеја шпекулации дека еден од возачите не бил концентриран и си ја средувал косата кога се случила несреќата – но полицијата ништо не потврдува, вели таа.
Локалните власти ја истражуваат трагичната несреќа.
Be the first to write a comment.