При лов во шумата кај Комлетинац во Хрватска, во областа Винковац, 46-годишен ловџија случајно усмртил 62-годишен маж кој исто така ловел со ловечко огнено оружје, соопшти вчера Вуковарско-сремската полиција.
Настанот се случил во четвртокот вечерта, а двајцата ловџии учествувале во лов што бил регистриран и дозволен, пишува ХРТ.
Во Националната Меморијална болница во Вуковар е извршена обдукција на мртвото тело на 62-годишен маж, при што е утврдено дека причина за смртта е прострелна рана по телото нанесена од огнено оружје.
По завршување на кривичната истрага, 46-годишниот маж со кривична пријава е предаден на надзорникот за притвор.
Be the first to write a comment.