Жената која денеска околу 12 часот падна од карпа кај Лединското езеро на Фрушка Гора, за жал починала како последица на повредите, дознава „Блиц“.
Веднаш штом се случил овој немил настан, планинската спасувачка служба (ГСС) започнала спасувачка акција, а само по неколку часа нејзините припадници успеале да стигнат до непристапен дел од теренот, каде пронашле тело на жена, која не покажувала знаци на живот. Според првичните информации се работи за жена на околу 60 години која планинарела.
Како што дознава „Блиц“, на терен се уште има припадници на ГШС, противпожарна служба и итната помош кои се вклучиле во спасувачката акција. Како што изјави за „Блиц“ припадник на ГШС, теренот е крајно непристапен. Тој објасни и дека најпрвин се обиделе да и пријдат на несреќната жена од езерото, но дека тоа не било можно, бидејќи карпите се високи околу 300 метри.
– Ситуацијата на терен е таква што со дрон се снима локацијата на која се наоѓа телото на жената за да се види кој е најдобриот начин за приближување и спуштање на телото. Сега е истрага, веќе не е спасувачка акција, а конфигурацијата на теренот е таква што може да потрае долго – изјави за „Блиц“ извор запознаен со целата ситуација.
Инаку, Лединското Езеро зафаќа површина од околу четири хектари и од сите страни е опкружено со стрмни карпи.
Долго е 400 метри и достигнува максимална ширина од 100 метри, додека просечната длабочина на езерото е околу 15, а најголемата е 50 метри.
Be the first to write a comment.