Стpaшна cooбраќајна неcpeќа se случи рано утрово на автопатот Тирана- Драч, во која животот го загубија две млади девојки

Едната од жртвите е е 26-годишната Силва Том Ѓерѓи, која била сопатничка во возилото што го управувал 26-годишниот Арбр Тивари, кој е пренесен во трауматолошката болница во Тирана, каде е во тешка состојба.

Во трагичната несреќа животот го загуби и Рожеса Клирономи. Според откриените детали настанот се случил околу 01:00 часот по полноќ.

Рожеса Клирономи (лево) и Силва Ѓерѓи (26 десно) се девојките кои загинаа

Причина била брзината со која 26-годишниот Арбр Тивари го управувал автомобилот. Неговото име не е непознато за полицијата, бидејќи пред една година во болницата во Драч бил донесен со прострелна рана, а по истрага на полицијата во неговиот стан било откриено оружје и воена муниција.

Автомобилот е уништен од силниот удар

Младиот човек кој бил познат како проблематичен во Драч, наводно три пати бил апсен од полицијата, јавуваат албанските медиуми.

Возачот Арбр Тивари (26) се бори за живот

Тој сега се наоѓа во болницата за траума каде се бори за живот како последица на силниот судир на автомобилот со заштитните бариери на автопатот Тирана-Драч.