











Тешка сообраќајна несреќа се случила попладнево на влезот во Мостар, во близина на хотелот „Амикус“.
Како што потврдија од Оперативниот центар на МВР на Херцеговско-неретванскиот кантон, во несреќата што се случила во 17 часот и 20 минути се повредени 5 лица.






Како што се дознава, учествувале две возила, „мерцедесот“ го управувал М.О., а автомобилот марка „поло“ Ф.Б.

Како што се дознава, зад воланот на „мерцедесот“ бил босанскиот пејач Мустафа Омерика, кој се натпреваруваше и во „Ѕвезде Гранда“.
Жената која била на совозачкото седиште од „полото“, Ф.С., мајката на возачот се здобила со тешки телесни повреди, а уште петмина се полесно повредени.






– Повредените се пренесени во двете болници во Мостар – соопштија од МВП на ХНК.
Околностите под кои се случила несреќата ќе бидат познати по истрагата.
Be the first to write a comment.