











Стpaшна cooбраќајна неcpeќа se случи рано утрово на автопатот Тирана- Драч, во која животот го загубија две млади девојки
Едната од жртвите е е 26-годишната Силва Том Ѓерѓи, која била сопатничка во возилото што го управувал 26-годишниот Арбр Тивари, кој е пренесен во трауматолошката болница во Тирана, каде е во тешка состојба.






Во трагичната несреќа животот го загуби и Рожеса Клирономи. Според откриените детали настанот се случил околу 01:00 часот по полноќ.

Причина била брзината со која 26-годишниот Арбр Тивари го управувал автомобилот. Неговото име не е непознато за полицијата, бидејќи пред една година во болницата во Драч бил донесен со прострелна рана, а по истрага на полицијата во неговиот стан било откриено оружје и воена муниција.

Младиот човек кој бил познат како проблематичен во Драч, наводно три пати бил апсен од полицијата, јавуваат албанските медиуми.

Тој сега се наоѓа во болницата за траума каде се бори за живот како последица на силниот судир на автомобилот со заштитните бариери на автопатот Тирана-Драч.






Be the first to write a comment.