На 22.07.2022 во 10.40 часот во Полициското одделение Велешта било пријавено дека во с.Вевчани, Ш.В.(42) од с.Велешта, управувајќи трактор со струшки регистарски ознаки, паднал од тракторот и починал.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Ш.В. со својот трактор влечел друг трактор, при што во еден момент сајлата се скинала, а Ш.В. се превртел и паднал.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Струга.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.