Пријателите и познаниците на социјалните мрежи се простуаат од Александар Снага, голем борец за македонската кауза и македонската држава.

– Нека Бог ти го осветлува патот кон небесната бато, ти беше добар човек, сигурен сум дека Бог ке ти даде убаво место во рајот, аманетот од тебе останува, борбата за Македонија продолжува, сега јас одоздола а ти одозгора ке се бориш бато мој, еден ден знам дека пак ке се сретнеме…., напаѓа на социјалните мрежи неговиот пријател Благојчо Горгиев.

Од Александар се прости и Кристијан Јандриоски, кој со неверување ја примил веста за неговото прерано заминување.

– Брат не ми се верува дека си заминал вака прерано? Ни поздрав ни ништо. Брат премлад и прерано. Ќе ми фалиш. Брате ќе продолжиме да војуваме, јас од доле ти од горе, па еден ден пак заедно од тамо горе. Се за мајка Македонија. Почивај во мир комито, имај светол пат.
Боли вака брат….прерано…….😔, напиша Јандриоски.