Младо момче си го одзеде животот скокајќи од мостот на Брана Гратче во Кочани. 30 – годишното момче К.Ј од Кочани си го одзело животот скокајќи од круната на Брана Гратче.

Немилиот настан се случил попладнево кога според очевидци, момчето се приближило до средината на круната на браната, ги оставило своите лични предмети на патеката и скокнало во бездната длабока 30 метри.

Полицијата извршила увид на местото на настанот, а екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт.