Револтирани патници свират и бараат од граничната полиција да ги пропушти стотиците возила кои повеќе од три часа чекаат за влез во Македонија.

Километарска колона возила чека на Граничниоот премин, а голем број патници се излезени од своите возила и се обидуваат да извршат притисок кон граничната полиција за да почне да пропушта возила. Засега нема официјална информација на што се должи застојот на северната граница.

Во последните два дена има долги колони на границата Македонија-Србија, Србија-Унгарија и Србија-Хрватска. Нов наплив на патници се очекува и во текот на наредната недела поради новогодишните празници. Ваквите слики се повторуваат веќе неколку години, иако нашите власти во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“ презедоа чекори за спроведување на опцијата One stop Shop, односно за чекање само на едната страна на границата, но ниту тоа не ги намали гужвите.

📸

📸