Една од вардаровите икони Тимур Дибиров кој летово после суспензијата од ЛШ за црвено-црните после девет години го напушти македонскиот првак и замина во ППС Загреб заврши вечерва во болница на шиење откако се повреди на мечот со Магдебург, кој „плинарите“ го загубија убедливо со десет рзлика (25-35).

Дибиров имаше еден постигнат гол до повредата поради што мораше итно да биде пренесен во болница за да биде санирана истата, откако му ја дупнаа главата.

Недостатокот на Дибиров беше преголем пех за загрепчани, кои не можеа против Германците, па на крај разликата од петте гола од полувремето растеа до најубедливите 11 пред самиот крај на мечот и се заврши со десет разлика.

Иван Чупиќ даде два гола, а Стефан Додиќ еден од преостанатите двајца екс-вардарци кои играат во моментов за хрватскиот првак.